Меси ја одбил понудата на ПСЖ за продолжување на договорот, пренесува еминентниот „Екип“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Таткото на Меси, Хорхе пристигна во Париз да ги интензивира преговорите со ПСЖ, но ја одбил најновата понуда од „светците“ и синоќа одлетал за Барселона.
Хорхе Меси, кој е и негов агент, разговарал со спортскиот директор Луис Кампос но не успеале да постигнат договор.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот на сезоната, а Аргентинецот размислува за промена на средината, а има понуди од МЛС лигата.
Лео Меси нема да прифати едногодишно продолжување на договорот бидејќи ПСЖ сакаше да наметне намалување на неговата плата за да избегне проблеми со финансискиот фер-плеј.
Клубот од Париз нема да се откаже и ќе инсистира двете страни сепак да најдат компромис и да ја продолжат соработката.