Дома Топ вести „Меси треба да ја намали платата, ако остане во Барса“

„Меси треба да ја намали платата, ако остане во Барса“

Платата на Лионел Меси е премногу висока со оглед на финансиската ситуација во клубот, изјави кандидатот за претседател на Барселона, Емили Росад.

Меси сакаше да ја напушти Барселона ова лето и неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па може да си замине без обештетување.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Росад тврди дека сака да го задржи Меси, но Аргентинецот уште во јануари може да преговара со други клубови.

„Во сегашната ситуација платата на Меси е премногу висока.Треба да постигнеме договор со него. Ќе му предложиме атрактивен проект, најважно е да имаме план за спортски развој на клубот. Парите не беа проблем кога Меси изјави дека сака да замине“, истакна Росад.

„Меси ја зема најголемата плата на светот и не сака да си оди бидејќи не е задоволен од платата. Тој сака да игра во конкурентен тим и да освојува трофеи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Луис Дијас: Имав разговори со Барселона, но сум среќен што го одбрав Баерн

Луис Дијас го коментираше својот избор летово да се одлучи за Баерн Минхен наместо за друг…