Дома Видео Меси стана и актер: Погледнете како глуми во аргентинска серија 🎥

Меси стана и актер: Погледнете како глуми во аргентинска серија 🎥

Oткако го освои Светското првенство, Лионел Меси ги комплетираше сите можни фудбалски предизвици, па така според голем број фудбалски фанови стана најдобриот на сите времиња.

Летово, сепак Меси се одлучи да ја напушти Европа и врвниот фудбал, па потпиша договор со американскиот Интер Мајами.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Интересно е што по потписот со клубот на Дејвид Бекам за првпат се проба и во актерските води, иако не станува збор за Холивуд. Ништо не е поврзано со САД и филмската индустрија во оваа земја, но едноставно моментот така се поклопи.

Меси се појавува во аргентинската серија „Los Protectores“, а во петминутната сцена се глуми самиот себе. Главните ликови во серијата му нудат деловна соработка која тој луто ја одбива.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…