Дома Трансфер зона Меси се уште не го одбил ПСЖ, но отворени се многу прашања

Меси се уште не го одбил ПСЖ, но отворени се многу прашања

Иднината на Лионел Меси во ПСЖ е неизесна се шпекулира дека е блиску до заминување од Париз, но многу работи не се јасни.

Според пишувањето на „Л’Eкип“ на Меси му е понуден нов договор од страна на раководството на клубот, но со значително намалена плата за клубот да се задржи во рамките на финансискиот фер-плеј.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинецот наводно не е задоволен од понудата и размислува за заминвуање.

„Скај Спорт“ објави дека Меси го интересирало и какви ќе бидат плановите на клубот за следната сезона и дали ПСЖ ќе има конкурентен тим за освојување на Лигата на шампионите.

Тој е заинтересиран за трансфер стратегија во летото кое е пред нас, како и тоа дали Кристоф Галтие ќе остане тренер, а Луис Кампос спортски директор. Меси наводно инсистира на промена на клупата.

Ќе потсетиме и дека во вчерашниот ден бројни реномирани медиуми објавија дека Меси добил понуда од 400 милиони евра по сезона од тимот на Ал Хилал. Сепак, засега се смета дека приоритет на Меси е да остане во европскиот фудбал барем до Копа Америка во 2024 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…