Ако сте мислевте дека направи се што може се излажавте. Барселона на официјалната страна објави попис на она што би можел Аргентинецот да го направи во текот на оваа година.
Иако минатогодишната календарска година ја заврши на првото место на вкупната табела во најсилните пет првенства играч како Меси сигурно има големи апетити.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ниту, тој ниту Кристиано Роналдо оваа година не освоија некоја голема индивидуална награда како најдобар во Европа или светот, нивната доминација ја прекина Модриќ.
Ако се суди според она што Меси може да го очекува во Барселона оваа година, тоа би можело да се промени во негова корист.
Официјалната страна на Барселона се позабавува со можните достигнувања на волшебникот од Росарио во 2019 година.
1. Петта Лига на шампиони
2. Најдобар стрелец во Шпанија и светот
3. Второ место на вечната листа на настапи за Барселона (Му недостасуваат 18 да го стигне Чави кој има 674 настапи, додека на врвот е Чави со 767).
4. Да го стигне Гигс (Во случај Барса да освои три трофеи, Меси би се изедначил со легендата на Манчестер Јунајтед на третото место на сите времиња по бројот на освоени трофеи на еден играч).
5. Хет-трик од слободни удари.
6. Најмногу победи во Примера (Потребни му се уште 19 да го стигне Икер Касиљас кој има 334).
7. 400 голови во Примера (Веќе има 398 и тоа сигурно нема да биде проблем)
8. 50 хет-трикови (Меси досега има 49 хет-трикови во дресот на Аргентина и Барселона)
9. Да го стигне Пеле (Меси сега има 573 погодоци, додека Пеле за Сантос постигна 643 погодоц, 70 повеќе, тешко е но кој знае).
10. 50 голови шпанскиот куп (Веќе има 48).