Фудбалерите на Барселона денес и офицјално потврдија дека им се намалуваат платите поради пандемијата со коронавирусот.
По намалувањето на платите Лионел Меси се огласи со соопштение на социјалните мрежи.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Пред се сакаме да појасниме дека нашата цел секогаш беше намалување на платите кои ги добиваме, бидејќи одлично разбираме дека станува збор за вонредна ситуација и ние сме првите кои СЕКОГАШ му помагале на клубот, кога сме биле замолени. Исто така многу пати сме го правеле самоиницијативно, кога веруваме дека е неопходно и важно“.
„Не претсанува да не изненадува тоа дека во клубот има луѓе кои се обидуваат да не стават под лупа и да не стават под притисок, за да направиме нешто кое сите сакаме да го направиме“.
„Дојде моментот да објавам дека освен намалувањето на нашите плати за 70% за време на вонредната состојба, ќе направиме и донација за да можат врабитените во клубот 100% да си ја земаат платата цело време“, стои во соопштението кое Меси го објави на својот Инстаграм профил.