Дома Фудбал Меси не се најде помеѓу кандидатите за најдобар, па се огласи Барса

Меси не се најде помеѓу кандидатите за најдобар, па се огласи Барса

Денес откако ФИФА ги објави кандидатите за играч на годината стана познато кои фудбалери ќе се борат за „Златната топка“, тоа ќе бидат Мохамед Салах, Кристиано Роналдо и Лука Модриќ.

Многумина беа изненадени од податокот што за прв пат после 11 години не е номиран најдобриот фудбалер на Барселона Лионел Меси.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Звучи навистина неверојатно тоа што Меси го нема помеѓу кандидатите со оглед дека Аргентинецот зад себе има сезона со импресивна статистика и постигна повеќе голови и запиша повеќе асистенции од фудбалерите кои ги номинираше ФИФА.

Меси исто така освои двојна круна со Барселона, ја освои Златната копачка, а во Ла Лига постигна најмногу голови, запиша најмногу асистенции, креираше најмногу шанси на своите соиграчи и постигна најмногу голови од слободен удар.

После големиот број коментари се огласи неговата Барселона.

„Нема сомневање дека за навивачите на Барселона. Тој е најдобар. Точка“, порачаа од Барселона.

Аргентинецот во минатата сезона постигна 45 погодоци за Барса во сите натпреварувања и запишаа 18 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …