Дома Фудбал Меси за потегот на Мундијалот: Веднаш помислив „каков идиот“

Меси за потегот на Мундијалот: Веднаш помислив „каков идиот“

ЛИОНЕЛ МЕСИ (36) призна дека жали што ги ставил рацете на уши при прославата на вториот гол против Холандија во четврт-финалето на Светското првенство во Катар.

Со тоа, тој покажа пркос кон ривалскиот тренер Луј ван Гал, кој претходно ја критикуваше неговата игра без топка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Да потсетиме, Аргентина во осминафиналето ја исфрли Австралија (2:1), а потоа продолжи да игра со Холанѓаните. Молина ги доведе Аргентинците во предност во 35. минута, а Меси во 73. од пенал го зголеми водството.

Следеше споменатата прослава. „Го прославив голот со раце над уши и автоматски зажалив што го направив тоа. Штом го направив тоа, си помислив: „Каков идиот. Уште можат да израмнат“. Тоа обично се случува“, изјави Меси во интервју за ESPN.

Меси беше во право бидејќи Холанѓаните навистина се вратија во натпреварот. Воут Вегхорст го постигна првиот гол во 83. минута, а потоа драматично израмни во 11. минута од судиското надополнување, обезбедувајќи продолженија за својот тим.

Во нив немаше погодоци, па прашањето за победникот беше решено со пенали. Холанѓаните двапати промашија, а Аргентинците еднаш и се пласираа во полуфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Судијата во Италија му се извини на Јувентус и го обвини Бастони за симулација

Шефот на судиите во Италија, Џанлука Роки, се извини на Јувентус поради дискутабилниот вто…