Дома Топ вести Меси заработува повеќе од Роналдо, но далеку е од најплатениот спортист!

Меси заработува повеќе од Роналдо, но далеку е од најплатениот спортист!

Лионел Меси потпиша нов четиригодишен договор со Барселона според кој би требало да заработува 500.000 фунти неделно, што значи дека ќе заработува повеќе од неговиот ривал Кристиано Роналдо, кој заработува 420.000 фунти неделно.

Меѓутоа, каде се наоѓа Аргентинецот во споредба со другите најплатени спортисти?

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


НБА – Стив Кари
Кари два пати беше прогласен за МВП на сезоната, а неодамна потпиша нов договор со Голден Стејт. Според него во следните 5 години ќе заработува по 648.887 долари неделно!

МЛБ – Клејтон Кершав
Клејтон во 2014 година потпиша седумгодишен договор со Лос Анџелес Додгерс кој ќе му донесе вкупна заработка од 215 милиони долари.

НФЛ – Дерек Кар
Куартербекот Дерек Кар потпиша петгодишен договор со Окланд со кој вкупно ќе заработи 125 милиони долари.

Ф1 – Фернандо Алонсо
Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон не е најплатен возач и моментално е во преговори за нов договор. Титулата најплатен пилот ја има Фернандо Алонсо на кого Мекларен му исплаќа 40 милиони долари годишно.

Бокс – Флојд Мејдевер
Мејдевер само со победата против Мани Пакајо во 2015 година заработи вртоглави 230 милиони фунти, што е апсолутен рекорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн со порака до Сане: „Не сакаш? Нема проблем“.

Фудбалерите на Баерн се во исчекување на голема прослава со своите навивачи во Минхен, дод…