Дома Фудбал Меси е првиот играч во историјата на Шпанија кој со клубот остварил 500 победи

Меси е првиот играч во историјата на Шпанија кој со клубот остварил 500 победи

Барселона синоќа го совлада Леганес со 5:0 и стигна до четвртфиналето во Кралскиот куп.

Каталонскиот клуб успеа да го победи Леганес полесно од очекуваното и да продолжи понатаму. Уште еден одличен натпревар одигра Лионел Меси кој постигна два гола и запиша една асистенција.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Меси по синоќешниот натпревар влезе во историјата на шпанскиот фудбал. Имено, тој стана првиот фудбалер што остварил 500 победи во клупскиот дрес.

Најдобриот фудбалер на светот има одиграно 710 натпревари за Барселона и има неверојатни 500 победи. Покрај тоа, Меси постигна 622 голови во дресот на каталонскиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер најде напаѓач во Парма

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми. Фудбалскиот клу…