Дома Фудбал Останато Меси донел одлука за конечната иднина, Барселона бара решение

Меси донел одлука за конечната иднина, Барселона бара решение

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси го освои трофејот со Аргентина на Светското првенство (СП), но нема добри резултати со ПСЖ, кој повторно испадна во раната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ).

Навивачите на ПСЖ го обвинија за елиминацијата од ЛШ, а исто така го нападнаа со свирежи од трибините, по што Меси одби да се поздрави со нив на крајот од дуелот со Рен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


ПСЖ во меѓувреме му понуди нов договор на Меси, кој очигледно не планира да остане во Париз, а каталонски „Спорт“ објави дека Аргентинецот сакал да се врати на „Камп Ноу“.

Единствен проблем кој го „кочи“ неговиот трансфер е финансиската состојба на Барселона, која мора да најде начин како да ги исполни барањата на УЕФА и да не го прекрши финансискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер веќе крои планови за летниот преоден рок: Ова се можните засилувања

Раководството на Интер кој оваа сезона ќе ја освои титулата во Серија А веќе ги планира и …