Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси денес беше одличен со наградата „Алфредо ди Стефано“ за најдобар фудбалер во Примера за сезоната 2017/18.
Аргентинскиот волшебник денес во Мадрид ја доби наградата која ја доделува „Марка“, а притоа ја зеде и наградата за најдобар стрелец во Примера со своите 34 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Оваа сезона е најнеизвесната од било која друга. Тоа е одлична вест за фановите бидејќи натпреварите се многу понеизвесни“, изјави Меси.
Јан Облак ја доби наградата за најдобар голман во Примера, а Јаго Аспас ја зеде награда за најдобар шпански стрелец.
За најдобар тренер наградата ја доби стратегот на Валенсија, Марселињо кој победи во трката со Симеоне за само еден глас.
#Messi receives the MVP Trophy of @LaLigaEN 17/18 ??! pic.twitter.com/Nh5biebccH
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 12, 2018