Дома Фудбал Италија Медиумите посочија кој е „предавникот“ на Мурињо, играчот бара објаснување

Медиумите посочија кој е „предавникот“ на Мурињо, играчот бара објаснување

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо по дуелот против Сасуоло (1-1) кажа дека еден од фудбалерите во неговиот тим е предавник и поради тоа ќе биде продаден во јануари.

Италијанските новинари веднаш го открија името на предавникот во екипата на Рома, а станува збор за Рик Карсдорп, кој влезе на место на Мехмет Челик и беше виновен за голот.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Неговиот агент е изненаден од критиката на Мурињо, но и се чуди како сите знаат дека е Карсдорп, а не беше спомнато име.

„Изненаден сум од зборовите на Мурињо, сакам објаснување. Исто така сме изненадени од фактот што сите го вперија прстот во Рик и покрај тоа што ниту Мурињо, ниту Рома не го кажа неговото име. Сакаме објаснување од клубот за зборовите на тренерот и начинот на кој го направи тоа“, изјави агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Големото засилување на Јувентус има скршеница на реброто

Најголемото засилување на Јувентус ова лето, Теун Копмајнерс, има скршеница на реброто од …