Хари Мегваер сигурно е најкритикуваниот играч во овој момент во светот, а не му беше корист ниту настапот за англиската репрезентација каде што играше во стартниот состав, меѓутоа не се прослави.
Против Германија во натпреварот кој заврши без победник 3:3, Мегваер прво погреши откако му ја додаде топката на противникот во нозете за потоа да го собори Мусиала и да направи пенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хари Кејн по натпреварот изјави дека Мегваер последните десетина минути од тој натпревар ги одиграл скоро со една поради повреда.
„Во таква ситуација е што после секоја индивидуална грешка ќе биде уништен. Но, ние сме тим и стоиме еден позади друг. Мегваер имаше повреда на крајот и последните пет, десет минути ги одигра скоро со една нога. Тој е одличен карактер и горд сум на него поради тоа“, изјави Кејн после тој натпревар.
Дека Мегваер навистиан заработил повреда на тој натпревар денес потврди и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг. На прес-конференција пред дербито со Манчестер Сити, стратегот на Јунајтед потврди дека Мегваер нема да биде во комбинација за овој натпревар поради повреда.
Засега не е објавено за каква повреда станува збор, но се очекува Мегваер да биде спремен за натпреварот по дербито кој го очекува Јунајтед.