Дома Фудбал Мбапе: Слушнав ужасен звук, но мислам дека нема скршеница

Мбапе: Слушнав ужасен звук, но мислам дека нема скршеница

Килијан Мбапе предвреме го напушти финалниот натпревар помеѓу ПСЖ и Сент Етјен во Купот на Франција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѕвездата на ПСЖ се повреди после бруталниот старт на Перин, а Мбапе со солзи го напушти теренот.

Мбапе на доделувањето на медалите се појави на штаки, а во разговор со францускиот претседател, кој го слушна еден француски новинар, на прашањето дали повредата е сериозна, тој одговорил:

„Слушнав ужасен звук. Сепак, мислам дека не е скршено.“

Тоа секако можат да бидат добри вести за ПСЖ пред настапите во ЛШ и почетокот на новата сезона во Лига 1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…