Дома Фудбал Лига на шампиони Мбапе и Халанд незадржливи, Реал сигурен🎥

Мбапе и Халанд незадржливи, Реал сигурен🎥

Лигата на шампиони и оваа сезона започна со многу возбудувања, а во првиот ден фаворитите главно ја оправдаа својата улога.

Во дербито на вечерта Пари Сент Жермен го победи Јувентус со 2:1, а херој за „светците“ беше Килијан Мбапе.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Французинот фуриозно го започна натпреварот и постигна прекрасен гол во 5-та минута после асистенција на Нејмар. Дваесет минути подоцна Мбапе зголеми на 2:0. Во вториот дел Јувентус успеа да намали преку Мекени, но не успеа да дојде до бод.

Реал Мадрид рутински стигна до победа на гостувањето кај Селтик со 3:0, иако Бензема излезе од игра поради повреда после триесетина минути. Винисиус, Модриќ и Азар беа стрелци за „кралевите“.

Милан не успеа да стигне до победа против Салцбург и одигра 1:1 на гостувањето во Австрија, а Манчестер Сити беше убедлив против Севиља со 4:0, каде Халанд постигна нови два гола во ЛШ.

Лајпциг беше прегазен на свој терен од Шахтјор со 1:4, а Бенфика беше сигурна против Макаби со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Готово: Ветеранот Вилијан има нов клуб!

По втор и веројатно последен пат, искусниот крилен фудбалер се врати во татковината. Овој …