Реал Мадрид не успеа да го ангажира Килијан Мбапе во летниот преоден рок.
Иако тој трансфер се најавуваше како најгласниот што ќе се случи меѓу двете сезони, репрезентативниот напаѓач на Франција остана на Паркот на принцовите.
„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев
Најголемиот експерт за трансфери Фабрицио Романо тврди дека преговара и со ПСЖ за продолжување на договорот.
Претходно се пишуваше дека Мбапе решил да остане во Париз, но не и да ја продолжи соработката со клубот со кој е врзан само за тековната сезона.
Ова ги налути челниците на ПСЖ. Тој беше исфрлен од првиот тим, а подоцна беше вратен во него.
Според Романо, преговорите за нов договор се во тек.
“Тој конечно преговара со клубот, кој е нов во однос на јуни и јули. Се уште ништо не е договорено, но неговите претставници и ПСЖ разговараат за продолжување на договорот.
Најважни ќе бидат условите под кои би можел да го продолжи, како што е клаузулата според која може да си заминеследната сезона“, потенцира Романо.
Претходно беше истакнато дека Мбапе не сака да продолжи со ПСЖ и дека следното лето би можел да премине во Реал како слободен играч.
Ова би му овозможило подобра позиција за преговарање и би можел да инсистира на повисока плата.