Дома Фудбал Мбапе исчезна од репрезентативниот камп, не беше на тренинг, па Французите дознаа што се случува

Мбапе исчезна од репрезентативниот камп, не беше на тренинг, па Французите дознаа што се случува

Репрезентацијата на Франција во петок гостува на домашен терен против Холандија во квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство.

Триколорите утре патуваат за Амстердам, но главна тема на француската јавност е Килијан Мбапе кој денеска го напушти таборот на репрезентацијата, а беше откриено и зошто.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Французите играат фантастично во квалификациите и се на пат да обезбедат пласман на Европското првенство утре доколку победат против Холандија во Амстердам.

Мбапе утрото тренираше со тимот, но не се појави на вечерашниот тренинг. Немаше информации дека е повреден и Французите беа многу загрижени зошто Мбапе не тренира со остатокот од тимот.

Сепак, француската репрезентација реши да се огласи за тоа што се случи на тренингот, односно тоа што капитенот не тренираше со тимот.

Тие објавија дека Мбапе го пропуштил тренингот бидејќи имал дозвола од тренерот Дидие Дешамп, но повеќе информации не сакаа да откријат.

Но, медиумите во Франција набрзо дознаа што се случува и зошто Мбапе мораше да го напушти репрезентативниот камп.

Л’екип објави дека Мбапе имал смртен случај во семејството и добил дозвола да го напушти репрезентативниот камп и да се врати во Париз. Се очекува вечерва да се врати и утре да биде во авион за Амстердам.

Инаку, натпреварот помеѓу Холандија и Франција се игра во петок со почеток од 20:45 часот, а Мбапе најверојатно без разлика на се ќе игра од првата минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…