Дома Трансфер зона Мбапе има услови за продолжување на договорот

Мбапе има услови за продолжување на договорот

Младата ѕвезда на Пари Сент Жермен ќе се согласи да го продолжи договорот со „светците“, само ако во него биде ставена откупна клаузула, пренесува „АС“.

Мбапе сака во договорот да има поставено конкретна сума за која може да биде откупен и не крие дека е поласкан од интересот на Реал Мадрид и дека сака еден ден да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во моментов договорот на Мбапе истекува во 2022 година и двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на истиот.

ПСЖ е спремен да му понуди рекордна плата од 50 милиони евра по сезона, но не сака во договорот да има откупна клаузула, или пак се согласува доколку таа биде „астрономска“.

ПСЖ не сака да слушне за негова продажба, но и не се брза, бидејќи Мбапе дури следното лето ќе влезе во последната година од договорот

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…