Реал Мадрид пред неколку дена го потврди трансферот на Килијан Мбапе кој веројатно ќе биде најголемиот ова лето.
Французинот од 1 јули и официјално ќе биде нов член на Реал Мадрид, се е потпишано и договорено, а интересно е што неговата плата во Реал Мадрид ќе биде помала од онаа во Пари Сен Жермен.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секако дека се работи за астрономска сума од 290 илјади евра неделно и тоа е нето сума, а интересно е и колку играчи имаат поголема плата од овој фудбалер, посебно во Премиер лигата.
Кевин Де Брујн има плата од 400 илјади фунти неделно, Ерлинг Халанд 375 илјади, потоа Касемиро од Јунајтед и Салах од Ливерпул и двајцата имаат по 350 илјади фунти неделно.
По нив следуваат играчите на Челзи, Рахим Стерлинг и Ромелу Лукаку, и двајцата вредни 325.000 фунти.
Бернардо Силва, Џек Гралиш и Маркус Рашфорд се на исто ниво со по 300.000 фунти неделно, додека Каи Хаверц има 280.000 фунти, што е околу 329.000 евра.
Сепак, треба да се знае дека Мбапе доби и дополнително 100 милиони евра бонус само за потписот и тие ќе бида распределени по 20 во наредните пет години.