Долги години Пепе беше член на Реал Мадрид, мина се и сешто во дресот на тој клуб, но набрзо „заболи од амнезија“.
Пепе заборави како ги мина годините како играч во кралскиот клуб. Имаше безрезервна поддршка од навивачите, дури и тогаш кога не ја заслужуваше, но со заминувањето во Турција го промени мислењето.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Навивачите на Бешикташ се фантастични. Оние на Реал не беа толку страствени. Овде во Турција играчите се силно мотивирани. Во време кога играв во Реал, моравме сами да се мотивираме бидејќи навивачите тоа не ни го нудеа. Едноставно не се волку страствени“, истакна Пепе за турските новивнари.
34-годишниот Португалец во Реал одигра 229 натпревари и ги освои сите во периодот од една деценија.