НБА сезоната не е се уште завршена затоа што Мајами Хит во петтиот натпревар од финалната серија успеа да го победи ЛА Лејкерси со 111:108 и така да намали на 3:2.
Лејкерси не ја искористија првата меч топка за да дојдат до титула, а Хит после одличниот натпревар успеа да намали на 3:2 и се уште да остане во игра. Од самиот почеток беше јасно дека ќе гледаме одличен натпревар. После првата четвртина Мајами имаше предност од 25:24, додека на пауза се замина со 60:56 за кошаркарите на Хит.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Успеваа Лејекерси цело време да се одржуваат на мало заостанување, но никако немаа сили да направат пресврт и да го свртат резултатот во своја корист. Хит во третата четвртина ја чуваше предноста и навистина кошаркарите на овој тим лавовски се бореа за финалето да не заврши со овој меч.
Вистинска драма гледавме во финишот од натпреварот. Лејкерси се вратија резултатски и изгледаше како да имаат сили за пресврт. Мајами не се откажуваше и ја чуваше предноста и на крајот победи со три поени разлика.
До победата Мајами го предводеше Џими Батлер кој запиша трипл-дабл, 35 поени, 12 скокови и 11 асистенции. Кај Лејкерси се истакна Леброн со 40 поени, но тоа не беше доволно да го одведе својот тим до триумф.
Нов натпревар Мајами и Лејкерс ќе играат за два дена.