Немања Матиќ верува дека Манчестер Јунајтед е спремен да е бори за титулата во Премиер лигата оваа сезона.
„Црвените ѓаволи“ се први на табелата со три бода предност пред Ливерпул, со кого ќе имаат директен дуел во недела.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Победата покажа дека сме спремни за титула. Сега не чека дуел со Ливерпул, што е најголемо дерби во Англија. Ќе одиме да се надигруваме и да видиме каде сме во однос на еден од најдобрите тимови во Европа“.
„Спремни сме. После 17 натпревари сме на врвот на табелата, а тоа не може да биде среќа. Тоа покажува дека имаме квалитет. Но, не смееме да се опуштиме, мораме да бидеме концентрирани до крај“, истакна Матиќ.