Дома Фудбал Англија Матиќ со изјава многу ги налути навивачите на Челзи

Матиќ со изјава многу ги налути навивачите на Челзи

Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ ги навреди навивачите на Челзи со изјава за најголемиот клуб за кого играл.

Матиќ неодамна од Челзи се пресели во Манчестер Јунајтед за 40 милиони фунти и за многу брзо време стана важна алка во играта на „Црвените ѓаволи“, па доби многу пофалби на својата сметка од Жозе Мурињо, но и од многу фудбалски експерти.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Во меѓувреме, навивачите на Челзи не се среќни поради неговите тврдења „дека“ Јунајтед е најголемиот клуб за кого играл. „Дефинитивно, Манчестер Јунајтед е најголемиот клуб за кого сум играл. Сите знаат се за Манчестер Јунајтед“, изјави 29-годишниот за „Sky Sports“.

„Кога велите Манчестер Јунајтед, тоа е различно. Челзи исто така е голем клуб, а Бенфика најголем во Португалија. Но, Манчестер е Манчестер. Можеби има два или три клуба случни како Јунајтед, но Манчестер е најголем“, додаде Србинот.

Матиќ ги импресионираше навивачите на Јунајтед како и Мурињо со одличната игра во победата од 4:0 над Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Португалците со стил се пласираа на СП: Без Роналдо постигнаа девет гола против Ерменија! (Видео)

Фудбалската репрезентација на Португалија денеска ја декласираше Ерменија со резултат 9:1,…