Репрезентативецот на Србија и член на Манчестер Јунајтед беше единствениот во натпреварот помеѓу Бурнемоут и Манчестер Јунајтед кој не носеше цвет на градите со кој се оддава почит на загинатите англиски војници.
Овој потег разбесни многу во Британија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што дознава „Телеграф“ повикувајќи се на извори од клубот, Немања Матиќ цветот го забележал пред почетокот на натпреварот.
Во тој момент запрашал: Што е ова? Кога му објасниле дека станувало збор за загинатите британски војници, но и на оние кои помагаа во НАТО мисиите одбил да го носи таквото обележје.
Тогаш Матиќ го отстранил цветот и го фрлил на подот.
„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси ова да го носам. Ако треба, спремен сум веднаш да го напуштам клубот и Англија“, им соопштил Матиќ на луѓето од клубот.
Со оглед на тоа дека играчите не се обврзани да го носат тој симбол на Матиќ му било дозволено да излезе без спорното обележје на теренот.