Дома Трансфер зона Матеја Кежман му одговори на Јуве: Савиќ ќе биде тешка мисија, а фаворит НЕМА!

Матеја Кежман му одговори на Јуве: Савиќ ќе биде тешка мисија, а фаворит НЕМА!

Лацио овој викенд пристигнува во Торино, а во центарот на вниманието на клубот од Рим е еден човек.

На Апенините се убедени дека Сергеј Миликовиќ Савиќ од наредното лето ќе настапува за Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шампионот подготвува промени на средината на теренот, ќе замине Кедира, би требало да стигне Џан како слободен фудбалер, но и Милинковиќ-Савиќ кој со одличниот Бентакур би создале основа за во иднина.

Промени во останатите делови на тимот не би требало да има, па сумата од околу 80 милиони евра ќе биде вложена во Савиќ. Братот на фудбалерот, Вања откри дека Сергеј сака само во Јуве, а од друга страна Матеја Кежман тврди дека „старата дама“ ќе има тешка мисија.

„Потпиша нов договор и нема да биде лесно. Сергеј е цврсто врзан за Лацио. Мене ми беа потребни десет минути кога играше за младиот тим на Војводина да забележам за каков талент се работи. Ќе видат и навивачите на Јувентус овој викенд“, изјави Кежман.

„Јуве не е како минатата година, Лацио ги победи во Суперкупот, Инзаги е одличен тренер, според мене шансите се 50-50“, заврши менаџерот на Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…