Дома Фудбал Останато Матераци: Нема да го бркам, но спремен сум да се сретнам со Зидан

Матераци: Нема да го бркам, но спремен сум да се сретнам со Зидан

Легендарниот дефанзивец на Интер, Марко Матераци, откри дека во финалето од Лигата на шампионите навивал за Зинедин Зидан и Реал Мадрид кој играше против Јувентус.

„Не можам да навивам за Јувентус. Се радував кога Зидан ја освои Лигата на шампионите во Кардиф“, изјави Матераци за „Газета Дело Спорт“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Поранешниот репрезентативец на Италија беше дел од познатиот конфликт со Зидан во финалето на Светското првенство во 2006 година кога „Зизу“ со глава го удри Италијанецот, после што заработи црвен картон.

Матераци изјави и дека нема ништо против Зидан.

„Го почитувам Зидан и немам ништо против него. Му честитав на освојувањето на Лигата на шампионите. Ние сме возрасни луѓе, но ниту еднаш не сме разговарале после инцидентот. Секако дека нема да го бркам, но доколку дојде до средба јас сум спремен, само морате и не го да го прашате“, заврши Матераци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…