Дома Фудбал Англија Мата: Мора да бидеме подобри на наредните натпревари

Мата: Мора да бидеме подобри на наредните натпревари

Јунајтед нема да го одбрани трофејот во Лига купот бидејќи во среда во четвртфиналето изгуби од второлигашот Бристол со 1:2, додека вчера одигра 2:2 со Лестер во Премиер лигата. И во двата натпревари Јунајтед прими голови во продолженијата, во првиот за пораз, во вториот за реми.

Екипата на Мурињо сега заостанува 13 бодови на табелата зад првопласираниот градски ривал Манчестер Сити. Во вторник Јунајтед игра против Барнли, во сабота против Саутемптон, а на 1. јануари против Евертон.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мора да одиме понатаму, посебно за време на празниците, кога е тежок распоредот. Сите играат на два-три дена. Нервозни сме, но мораме понатаму, да се одмориме и да мислиме на наредниот натпревар.“ – изјави Мата, а пренесе Скај Спорт.

Мата ги постигна двата гола против Лестер, неговите соиграчи имаа многу шанси да ја обезбедат победата, но екипата прими погодок во четвртата минута од судиското продолжение.

„Не го завршивме натпреварот, а требаше. Сега е тоа лесно да се каже. Да победевме сега ќе зборувавме дека напреварот беше фантастичен. Но тоа е фудбалот. Тие во последната секунда постигнаа погодок.“

„Се чуствуваме како да сме поразени. Освоивме бод, но како да сме поразени бидејќи бевме близу до победата и имавме шанси. Тие имаа играч помалку, па сите имаме чувство дека го загубивме натпреварот.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…