Првиот стрелец на Челзи Диего Коста вели дека тој не е задоволен со животот во Лондон и навести дека на крајот на сезоната ќе го напушти премиерлигашот од „Стемфорд Бриџ“.
Диего Коста и зимата сакаше да го напушти Челзи и да оди во Тијанџин Кванжан за плата од околу 700.000 евра неделно, но „сините“ ја одбија понудата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиски „Дејли Мирор“ пишува дека Кинезите на лето повторно ќе се обидат да го реализираат трансферот.
„Среќен сум во Челзи, но не можам тоа да го речам и за животот во Лондон. Ова е нешто сосема различно и нема врска едно со друго. Челзи многу ми даде, сум во екипа која победува и тоа многу мотивира, но ќе видиме каква ќе биде мојата судбина“, изјави шпанскиот репрезентативец.
Лидерот во премиер лига веќе има најдено замена за евентуалното заминување на Коста, а тоа е Ромелу Лукаку од Евертон.