Челзи во вторникот го победи Реал Мадрид со 3:2 во Мадрид, но таа победа не беше доволна за „сините“ да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Тренерот на Челзи, Томас Тухел после натпреварот ги критикуваше судиите. Главен судија на натпреварот беше Симон Марчињак од Полска. Тухел ја критикуваше неговата одлука после реакција на ВАР да го поништи голот на Маркос Алонсо поради играње со рака.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Марчињак одлучи да не молчи и да му одговори на Германецот.
„Прочитав што изјавил Тухел после натпреварот. Можам да кажам дека е смешно тоа што го зборува, не направив никаква грешка. Ако сакаат да знаат зошто е поништен голот на Алонсо нека си ги прочитаат правилата“, изјави полскиот арбитар.