Дома Фудбал Лига на шампиони Марчињак му одговори на Тухел: Смешен си, прочитај ги правилата…

Марчињак му одговори на Тухел: Смешен си, прочитај ги правилата…

Челзи во вторникот го победи Реал Мадрид со 3:2 во Мадрид, но таа победа не беше доволна за „сините“ да се пласираат во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Тренерот на Челзи, Томас Тухел после натпреварот ги критикуваше судиите. Главен судија на натпреварот беше Симон Марчињак од Полска. Тухел ја критикуваше неговата одлука после реакција на ВАР да го поништи голот на Маркос Алонсо поради играње со рака.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Марчињак одлучи да не молчи и да му одговори на Германецот.

„Прочитав што изјавил Тухел после натпреварот. Можам да кажам дека е смешно тоа што го зборува, не направив никаква грешка. Ако сакаат да знаат зошто е поништен голот на Алонсо нека си ги прочитаат правилата“, изјави полскиот арбитар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Џакомо Распадори на чекор од враќање во Серија А!

Се одмотува ситуацијата околу Џакомо Распадори. Веќесе пишуваше на оваа тема, но јасно е д…