Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез јавно го посоветува Еден Азар да го напушти Челзи и да побара нов предизвик во кариерата.
Азар одигра феноменално на Светското првенство и се посилни се шпекуалциите за негов трансфер во Реал Мадрид.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Мартинез јавно му порача на Азар дека сега е идеално време да ја промени средината.
„Верувам дека сега можеби e вистинското време да си замине. Тој е играч кој напредуваше многу изминатиот период, има лидерски способности, има и неверојатен талент. Азар треба да се посвети на некој нов проект во својата кариера. Тој може да се вклопи во секој тим во светот. На играчите обично им требаат нови предизвици, па можеби е време Азар да го направи следниот чекор и да се раздели од Челзи“, изјави Роберто Мартинез.
Азар самиот неодамна призна дека сака да го напушти Челзи и дека преферира преселба во Реал Мадрид.