Дома Фудбал Марсеј и Монако ги поделија бодовите, ПСЖ ја зголемува предноста

Марсеј и Монако ги поделија бодовите, ПСЖ ја зголемува предноста

Дерби натпреварот во Лига 1 се одигра вечерва помеѓу Марсеј и Монако, кој заврши без победник (2:2).

Натпреварот започна добро за гостите, кои во 4 минута дојдоа до водство со голот на Кеита. Радоста на фудбалерите на Монако траеше само три минути, кога Рами погоди за израмнување.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Две минути игра во вториот дел беа потребни Марсеј да направи комплетен пресврт. Се играше 47. минута кога Жерман погоди за водство на домаќините со 2:1, но четири минути подоцна Фабињо со многу среќа направи ‘слалом’ низ одбраната и погоди за 2:2.

Тешко е да се каже на кој највеќе му одговара овој резултат, бидејќи и Марсеј и Монако го зголемија заостанувањето во бодовна разлика зад лидерот ПСЖ. Парижаните се најголеми добитници после ова коло кои повторно имаат двоцифрена преднос во однос на конкурентите.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…