Дома Трансфер зона „Марка“ тврди: Тотенхем тргнува по Асенсио!

„Марка“ тврди: Тотенхем тргнува по Асенсио!

Тотенхем покажува сериозен интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Марко Асенсио, пренесува доброинформирана „Марка“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


22-годишниот шпански репрезентативец не е задоволен од својот статус на „Сантиаго Бернабеу“, па се посилни се шпекулациите за негов трансфер во Премиер лигата.

Претставници на Тотенхем стапиле во контакт со менаџерот на Асенсио, но фудбалерот одбива трансфер во зимскиот преоден рок.

Сепак, ја оставил отворена вратата за евентуален трансфер на лето, а Тотенхем за неговиот потпис спрема понуда од 100 милиони евра.

Сепак ќе треба да се избори со конкуренцијата бидејќи за Асенсио силен интерес покажуваат уште Ливерпул и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…