Дома Фудбал „Марка“: Синот на Зидан прави проблем помеѓу Реал и неговиот татко?

„Марка“: Синот на Зидан прави проблем помеѓу Реал и неговиот татко?

Голманската позиција во Реал Мадрид е една од главните теми во мадритскиот клуб уште од 2012 година кога Жозе Мурињо го седна на клупата легендарниот Икер Касиљас.

И наследниците на Мурињо имаа проблеми со изборот на голмано, посебно Јулиен Лопетеги кој во клубот го доведе Тибо Куртоа и мораше да ја дели минутажата помеѓу Белгиецот и Кејлор Навас.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Зинедин Зидан со враќањето во Реал донесе одлука следната сезона прв избор за голот на „кралевите“ да биде Тибо Куртоа, додека Кејлор Навас ќе биде продаден. Меѓутоа „Марка“ сега пишува дека проблем настанал окоу позицијата на резервниот голман.

Во клубот сакаат резерва на Куртоа да биде 20 годишниот Украинец Андриј Лунин, а Зидан смета дека таа позиција ја заслужува неговиот син Лука.

„Французинот смета дека неговиот син е подобро решение од Лунин кој не се прослави на позајмицата во Леганес“, пишува „Марка“.

Лука Зидан кој неодамна го прослави 21-виот роденден за реал дебитираше минаата година во последното коло против Виљареал. Оваа сезона ја започна како четврти голман, но со враќањето на Зидан доби прилика да брани против Хуеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…