Иако Масимилијано Алегри после освојувањето на Скудетото изјави дека разговарал со претседателот Ањели со кого се договориле дека нема да има промена на тренерската клупа во медиумите и понатаму на големо се пишува за нов тренер на „старата дама“.
Се пишува поради неуспешната сезона на клубот од Торино. Да тие ја освоија Серија А, но во тоа никој не се сомневаше главна цел на „старата дама“ беше Лигата на шампионите, но таму овој тим го заврши настапот во четвртфиналето кога ги елиминира Ајакс. Покрај тоа испаднаа и од купот на Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За голем дел од навивачите виновник за тие резултати е Масимилијано Алегри, а долго време како негов потенцијален наследник на клупата се споменува Пеп Гвардиола кој има целосно поинаков стил од Алегри и би придонесол за Јувентус да игра напаѓачки.
„Марка“ пишува дека Роналдо поради таа промена би бил среќен, а од тоа многу би профитирал и Аргентинецот Паоло Дибала кој зад себе има една од полошите сезони во кариерата. Во системот на Гвардиола познато е дека играчите како Дибала можат многу да блеснат.
Со доаѓањето на Гвардиола Јувентус би ја променил филозофијата на играта. Со самото тоа би имало повеќе употребливи топки за Роналдо, посебно од Дибала која е креативен играч. Поедноставно кажано навивачите на Јувентус кои сакаат отказ на Алегри сметаат дека италијанскиот стратег со својот дефанзивен стил го „гуши“ напаѓачкиот потенцијал на тимот.
Сепак, засега најавите за Гвардиола не изгледаат реално, но останува летото да покаже што ќе се случува.