Реал Мадрид на лето се очекува да направи големи промени, а денешното издание на „Марка“ пишува за нов фудбалер кој би можел да пристигне во Мадрид.
Оваа сезона многу се зборува за Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Србинот кој игра фантастично во дресот на Лацио, неговиот тим е во полуфиналето на Купот на Италија, трет е на табелата во италијанското првенство и се наоѓа помеѓу најдобрите 16 во Лигата на Европа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Клаудио Лотито веќе одбиваше големи понуди, а очекувањата дека ќе го пушти само за сума од над 100 милиони евра.
„Марка“ денес пишува дека за Сергеј интерес покажал и Реал Мадрид, токму тој е фудбалерот кој им е потребен на „кралевите“, порди неговите технички и физички карактеристики.
Треба да се истакне дека Реал во минатото знаеше да доведува по некој Србин. Милан Јанковиќ, Дејан Рамбо Петковиќ, Предраг Спасиќ и Перица Огненовиќ се фудбалерите од Србија кои го носеле дресот на славниот гигант од Мадрид.
Доколку Реал навистина е заинтересиран и има сериозна намера да го доведе Савиќ ќе има голема конкуренција од Арсенал, Манчестер Сити, Ливерпул и Челзи.