Дома Фудбал „Марка“: Меси без Суарез е тажен и осамен

„Марка“: Меси без Суарез е тажен и осамен

„Марка“ пишува дека Лионел Меси е тажен и осамен после тешката повреда на соиграчот и пријател, Луис Суарез.

Суарез и Меси како што е познато одлично сработуваа и тие се заслужни за 70% од головите на Барселона откако Уругваецот потпиша за Каталонците во 2014 година.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меси оваа сезона не им асистираше на Осман Дембеле, Ансу Фати и Карлес Перез, ниту пак тие му асистираа на него. На Антоан Гризман му асистираше два пати, а на Суарез четири пати. Очигледно е дека Меси најдобра соработка со Уругваецот.

„Марка“ додава дека проблемите се многу подлабоки од она што се случува на теренот. Суарез и Меси се соседи и заедно одат на натпреварите и тренинзите. Нивните семејства интезивно се дружат надвор од терените, па поради тоа отсуството на Уругваецот од четири месеци е тежок удар за Аргентинецот.

Шпанците потсетуваат и на изјава на Гвардиола од пред осум години.

„Се надевам дека на Лео нема да му стане досадно и клубот ќе го опкружува со адекватни соиграчи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Осимен се согласи на трансфер, но проблем прават – 75 милиони евра

Виктор Осимен треба ова лето конечно и официјално да го напушти Наполи. Наводно рекол „да“…