Дома Трансфер зона „Марка“: Клоп носи стопер од Шпанија?

„Марка“: Клоп носи стопер од Шпанија?

Ливерпул е во потрага по засилување во одбраната и многу се шпекулира за стоперската позиција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Имено, Дејан Ловрен скоро сигурно ова лето ќе го напушти клубот, па Клоп бара замена за хрватскиот репрезентативец. Како можна замена се споменуваше Домагој Вида кого Ливерпул би можел да го доведе од Бешикташ, но не е сигурно дека тој е најдобра опција.

„Марка“ пишува дека Клоп вниманието за засилување на таа позиција би можел да го насочи кон Леандро Кабрера, Уругваецот од Еспањол би можел да пристигне за 15 милиони евра.

Сумата која се споменува дека Ливерпул би можел да ја плати за Кабрера е 15 милиони евра.

Кабрера минатото лето пристигна во Еспањол за сума од 9 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…