Реномираната „Марка“ тврди дека Герет Бејл (33) ќе ја заврши кариерата после Европското првенство.
Велшкиот репрезентативец во овој момент е на позајмица во Тотенхем, но извесно е дека го чека враќање во Реал Мадрид каде што од неодамна тренер е Карло Анчелоти. Бејл и Анчелоти добро се сложуваа во првиот мандат на Италијанецот на клупата, но „Марка“ тврди дека тоа нема да влијае на одлуката на Бејл.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Се пишува дека Бејл е среќен во фудбалот само кога игра за Велс, додека тешко пронаоѓа мотивација за клупскиот фудбал.
На Бејл наводно нема да му биде и проблем што има уште една година од договорот со Реал кој би бил раскинат во таков случај, а Реал би заштедил околу 20 милиони евра.
За Тотенхем во изминатата сезона Бејл одигра 33 натпревари во кои постигна 14 голови и додаде три асистенции.