Контроверзниот италијански напаѓач, Марио Балотели после само една година би можел да ја напушти Ница и да се пресели во шпанска Примера.
Имено, шпанското радио „Кадена копе“ пренесува дека Лас Палмас го сака Италијанецот и веќе е во напредни преговори за да го донесе во своите редови.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Очигледно, клубот од Канарските Острови е подготвен да му понуди на Балотели договор за една година со можност за продолжување на соработката за уште една сезона. Балотели на лето потпиша едногодишен договор со Ница, така што во јуни повторно е слободен.
Тој оваа сезона постигна 15 гола во Лига 1 и 17 во сите натпреварувања, а доколку се пресели во Лас Палмас повторно ќе игра во тандем со Кевин Принц Боатенг.