Капитенот на Наполи, Марек Хамшик денес одлета за Кина каде треба да ги мине лекарските прегледи со својот иден клуб Далиан Јафинг, пренесуваат италијанските медиуми.
Трансферот беше договорен уште пред неколку дена, но потоа Наполи наеднаш ги прекина преговорите бидејќи не беше задоволен од начинот на плаќање на договорената сума.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Медиумите тврдат дека кинескиот клуб се согласил да ја плати веднаш сумата од 20 милиони евра, па трансферот ќе се реализира во следните денови.
Хамшик денес одлета за Кина каде треба да ги мине лекарските прегледи, а потоа ќе стави потпис на 3-годишен договор „тежок“ 9 милиони евра по сезона.
Hamsik confirms: "I’m leaving tomorrow or the day after".
? / @mattinodinapoli pic.twitter.com/twBoThrj1B
— Everything Napoli (@NapoliAndNaples) February 5, 2019