Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е во центарот на вниманието на италијанските медиуми откако во неделата го реши дербито против Милан.
Елмас постигна гол со глава во петтата минута од натпреварот и тој гол се покажа како одлучувачки. „Газета дело Спорт“ го анализираше Елмас и го опиша како новиот Марек Хамшик.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Елмас е момче на кое треба да му се посвети посебно внимание. Тој играше во сите 24 натпревари до овој момент. На 12 беше стартер, на 12 влезе како резерва. На Спалети му се допаѓа чувството за гол кој го има Елмас. Одлично се снаоѓа во средниот ред, Спалети со него полека го креира новиот Хамшик. Македонецот го игра секој натпревар, остава трага и стана вториот најдобар стрелец зад Осимен. Неговите голови се распределени на следниот начин: Два со глава, два со десна нога и два со лева. Тоа е демонстранција колку добро се снаоѓа во различни ситуации“, пишува „Газета“.