Дома Фудбал Марек Хамшик претставен во новиот клуб

Марек Хамшик претставен во новиот клуб

Искусниот словачки репрезентативец Марк Хамшик потпиша за шведски Гетеборг.

Хамшик ја напушти Кина и се врати во Европа, а многумина се изненадија кога беше соопштено дека ќе игра во Шведска. Со новиот клуб потпиша договор до август 2021. година.

За 33-годишниот играч ова ќе биде добра прилика да ја одржува формата пред Европското првенство.

„Имавме добар дијалог откако прв пат стапивме во контакт. Неговите способности, заедно со неговата харизма, професионализам и страст, го прават уникатен.“ – рече спортскиот директор на клубот Фернеруд.

Хамшик играше за Слован Братислава, Бреша, а најголем дел од кариерата го помина во Наполи, каде од 2007. до 2019. година запиша преку 400 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тајроски расте во академијата на Рид, Македонија е репрезентативна можност

Билал Тајроски, играч за врска роден во 2012 година, е дел од младинскиот погон на Рид. Не…