Дома Трансфер зона Марек Хамшик пред трансфер во Турција

Марек Хамшик пред трансфер во Турција

Марек Хамшик изненади со одлуката на почетокот на оваа календарска година да потпише за Гетеборг по враќањето од Кина.

Навистина не е на нивото на кое беше во Наполи, но има 33 години и е далеку од пензија па се очекува кариерата да ја продолжи во амбициозен клуб. Сега како што се најавува е пред потпис со Трабзон.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио објави дека Хамшик веќе постигнал договор со турскиот клуб за соработка од две години според која би заработил три милиони евра по сезона.,

Гетеборг нема да добие оштета затоа што Хамшик со овој клуб потпиша краткорочен договор на шест месеци и во Трабзон пристигнува како слободен играч. За шведскиот клуб одигра шест натпревари и постигна еден гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Салах ја прифати понудата од Саудиска Арабија

Мохамед Салах на крајот на сезоната готово сигурно ќе го напушти Ливерпул, тврдат медиумит…