Легендата на Аргентинскиот и светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона има своет за лидерот на сегашната генерација на „Гаучосите“, Лионел Меси.
Марадона смета дека неговите сонародници можат да стигнат далеку на Мундијалот, но не им ја дава улогата на фаворит.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го советувам Меси да игра и да ужива додека го прави тоа. Треба да заборави на сите критичари кои зборуваат за тоа дали може да го Светското првенство или не“.
„Не мора ништо на никого да докажува. Не знам Сампаоли каква игра форсира, не знам дека сите ќе дадат се од себе. Мислам дека имаат добра шанса да го освојат трофејот. Сепак, не би кажал дека Аргентина е фаворит. Фаворитите не победуваат секогаш“, изјави Марадона.
Марадона со репрезентацијата на Аргентина го освои Мундијалот во 1986 година.
„Гаучосите“ на Светското првенство ќе играат во група со Хрватска, Исланд и Нигерија.