Раководството на Манчестер Јунајтед има нова трансфер цел за засилување на средниот ред, а станува збор за ѕвездата на Лидс, Келвин Филипс.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
До сега медиумите тврдеа дека прва желба на „црвените ѓаволи“ е Даклан Рајс од Вест Хем, но неговата цена го натера Јунајтед да се отлаже.




Сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон друг англиски репрезентативец, Келивин Филипс од Лидс. Тој одигра одлична сезона и беше важен дел од репрезентацијата на ЕП.




Соскјер сака да го засили средниот ред бидејќи Ван де Бек се покажа како промашување, а Матиќ е на залез на кариера. Фред покажува доста нестабилни партии, па Погба е единствен кој игра добро оваа сезона.




Поради тоа Келвин Филипс е примарна цел на Манчестер Јунајтед во зимскиот преоден рок.