Дома Топ вести Манчестер Јунајтед тргнува по Жоао Феликс

Манчестер Јунајтед тргнува по Жоао Феликс

Португалскиот репрезентативец Жоао Феликс последните шест месеци играше на позајмица во Челзи и се врати во Атлетико Мадрид.

Феликс сакаше да ја промени средината, па Атлетико се согласи да го пушти на позајмица, но без дефинирана опција за откуп на крајот на сезоната.

Јасно е дека за него нема повеќе место во тимот на Симеоне, па си бара нов клуб, а интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

Јунајтед веќе имал контакт со агентите на Феликс, но не е спремен да плати 100 милиони евра колку што бара Атлетико за неговата слобода.

Двата клуба наскоро ќе почнат преговори, а наводно „јорганџиите“ се спремни да ја намалат цената.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…