Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спреми богата понуда за дефанзивецот на Милан

Манчестер Јунајтед спреми богата понуда за дефанзивецот на Милан

Милан минатото лето го откупи договорот на Факијо Томори од Челзи за 28 милиони евра, а Англичанецот одигра фантастична сезона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Томори се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А и даде огромен придонес во освојување на Скудетото.

Манчестер Јунајтед е во потрага по квалитетен дефанзивец, а медиумите на Островот пренесуваат дека прва мета е токму Томори, кој веќе е стандарден во англиската репрезентација.

„Црвените ѓаволи“ спремиле понуда од 60 милиони евра плус бонуси кои можат да достигнат од 10 милиони евра за потписот на Томори.

Меѓутоа, италијанските медиуми тврдат дека Милан не сака да слушне за продажба и ќе ги одбие сите понуди, а и самиот играч преферира да остане на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…