Раководството на Манчестер Јунајтед донело одлука следното лето да ја активира откупната клаузула на дефанзивецот на Лајпциг, Дајот Упамекано.
Упамекано неодамна го продолжи договорот со Лајпциг, но во него има откупна клаузула која е релативно ниска, и изнесува 38 милиони фунти.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англиските медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ ќе ја активираат откупната клаузула веднаш по завршувањето на сезоната.
Интерес за Упамекано покажуваат многу европски гиганти, пред се Арсенал, Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити, па поради тоа „црвените ѓаволи“ сакаат што е можно побрзо да се договорот со неговиот агент.